Ванг: Кина повикува на итен прекин на огнот во регионот на Персискиот Залив
- За време на денешните телефонски разговори со неговиот кувајтски колега Џарах Џабер ал-Ахмад ал-Сабах и министерот за надворешни работи на Бахреин Абдулатиф бин Рашид ал-Зајани, Ванг нагласи дека суверенитетот, безбедноста и територијалниот интегритет на земјите во регионот на Персискиот Залив мора целосно да се почитуваат, пренесуваат британските медиуми.
Пекинг, 9 март 2026 (МИА) - Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, денеска апелираше за итен прекин на огнот во регионот на Персискиот Залив.
За време на денешните телефонски разговори со неговиот кувајтски колега Џарах Џабер ал-Ахмад ал-Сабах и министерот за надворешни работи на Бахреин Абдулатиф бин Рашид ал-Зајани, Ванг нагласи дека суверенитетот, безбедноста и територијалниот интегритет на земјите во регионот на Персискиот Залив мора целосно да се почитуваат, пренесуваат британските медиуми.
Кинескиот министер им кажа на своите колеги дека Кина е длабоко загрижена за брзото ескалирање на ситуацијата на Блискиот Исток.
Ванг, воедно, потврди дека официјален Пекинг ќе продолжи да игра конструктивна улога во одржувањето на мирот и стабилноста во регионот на Персискиот Залив.сд/јт/
Фото:МИА архива