• четврток, 19 декември 2024

Ванг: Кина не ги прифаќа неоснованите обвинувања од Самитот на НАТО

Ванг: Кина не ги прифаќа неоснованите обвинувања од Самитот на НАТО

Пекинг, 12 јули 2024 (МИА) – Кина никогаш нема да ги прифати „неоснованите обвинувања“ изнесени против неа на актуелниот Самит на НАТО, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со неговиот холандски колега Каспар Велдкамп.

Ванг истакна дека Кина е подготвена да одржува контакти со НАТО на рамноправна основа и заемно почитување, при тоа Алијансата да не се меша во нејзините внатрешни работи.

Во исто време, портпаролот на Кинеската мисија во Европска Унија изјави дека Декларација од Самитот на НАТО е полна со „воинствена реторика“, а нејзината содржина поврзана со Кина содржи провокации, „лаги, поттикнувања и клевети“.

Во Декларацијата се истакнува дека Кина стана одлучувачки фактор во воените напори на Русија во Украина и оти Пекинг и понатаму е безбедносен предизвик за Европа.

Како што сите знаеме, Кина не е основачот на кризата во Украина, наведе портпаролот на Кинеската мисија во ЕУ. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан