• четврток, 26 декември 2024

Валандово обезбеди буџетски средства за капитални проекти

Валандово обезбеди буџетски средства за капитални проекти
Гевгелија, 26 мај 2021 (МИА) - Општина Валандово, со ребалансот на буџетот за 2021 година, успеа да ја зголеми буџетската рамка за дополнителни 9,4 милиони денари кои во наредниот период ќе се потрошат за капитални инвестиции во повеќе сфери од општественото живеење. Дел од дополнителните финансиски средства веќе се трошат во рамки на тековните активности за изградба и реконструкција на локални улици и патишта во повеќе населени места во општината, дел ќе бидат наменети за уредување урбани простори, поддршка на невладини организации и во други области од надлежност на локалната самоуправа. - Општина Валандово продолжува да инвестира во подобра инфраструктура и рамномерни услови за живот во секое населено место. Градиме по приоритет и никој не е заборавен. Преку праведен систем на распределба на јавните средства градиме и поголема инклузивност во заедницата, рече градоначалникот, Перо Костадинов. Во моментов во тек се активностите за уредување на неколку улици во селото Јосифово како и замената на дотраените играчки и лулашки во детското катче во паркот во Валандово. им/ар/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан