• четврток, 26 декември 2024

Вакцините „Синофарм“ ќе пристигнат во 7 часот изутрина

Вакцините „Синофарм“ ќе пристигнат во 7 часот изутрина
Скопје, 29 април 2021 (МИА) - Министерството за здравство вечерва соопшти дека кинеските вакцини „Синофарм“ наместо во 5 часот изутрина, ќе пристигнат два часа подоцна, односно во 7 часот. Во земјава треба се очекуваат вкупно 200.000 вакцини „Синофарм“ купени во директни преговори со производителот. По тој повод, пред поликлиниката „Јане Сандански“ најавено е обраќање на министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо. бт/бак/

Остани поврзан