Вадефул: Безбедносните прашања во Ормускиот теснец можат да се решат само преку дипломатија
- „Сигурно и одржливо решение може да се постигне само преку дипломатски канали и затоа верувам дека треба да ги обединиме нашите заеднички интереси од регионот на Персискиот Залив, но и овде во соседството“, рече тој за време на посетата на Турција, пренесуваат британските медиуми.
Анкара, 12 март 2026 (МИА) - Шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул, денеска изјави дека безбедносните прашања во стратешки важниот Ормуски теснец можат да се решат само преку дипломатски средства.
„Сигурно и одржливо решение може да се постигне само преку дипломатски канали и затоа верувам дека треба да ги обединиме нашите заеднички интереси од регионот на Персискиот Залив, но и овде во соседството“, рече тој за време на посетата на Турција, пренесуваат британските медиуми.
На прес-конференција со својот турски колега Хакан Фидан, тој рече дека заедничките сили мора да најдат излез од војната и во исто време да развијат почетна идеја за тоа како би можела да изгледа идната безбедносна архитектура на регионот.
На 28 февруари, САД и Израел започнаа заеднички напади врз Иран, при што загинаа повеќе од 1.300 луѓе, додека Техеран одговори со напади со беспилотни летала и ракети врз Израел и неколку земји од Заливот.
Одговорот на Иран на американско-израелските напади вклучуваше напади врз бродови во Ормускиот теснец, што речиси го запре странскиот превоз низ клучниот премин за голем дел од извозот на нафта на Блискиот Исток и ги принуди производителите во регионот да го намалат производството.сд/
Фото: ЕПА