• четврток, 09 април 2026

БЏК: Пораз на македонските тенисерки од Бугарија

БЏК: Пораз на македонските тенисерки од Бугарија

 

Бања Лука, 8 април 2026 (МИА) – Втор пораз претрпе македонската женска тениска репрезентација на Били Џин Кинг купот од Втората Евро-африканска зона што се игра во Бања Лука, откако денеска загуби од првиот фаворит во групата Б, Бугарија, со максимални 3:0 во сетови.

Во воведниот дуел, Лидија Енчева ја победи Зара Зафировска со 2:0 (6:1 и 6:2), а водство на Бугарките од 2-0 донесе Денислава Глушкова која ја совлада Сара Митевска со 6:1 и 6:0. Во дуелот во двојки, македонскиот селектор Кристијан Вангелов и неговата бугарска колешка Магдалена Малеева се решија на теренот да бидат тенисерките што не ги играа сингл мечевите. Јана Божиновска и Ана Митевска загубија од Росица Денчева и Елизара Јанева со 2:0 во сетови (6:0 и 6:4).

До крајот на натпреварувањето младите македонски тенисерки ќе играат утре против Јужна Африка, а в петок против Мароко, додека в сабота на програмата е натпреварот за пласман.ег

ФОТО: МТФ

Остани поврзан