• недела, 24 ноември 2024

Бљерим Османи именуван за нов организациски директор на Клиничката болница во Тетово

Бљерим Османи именуван за нов организациски директор на Клиничката болница во Тетово

Скопје, 20 април 2023 (МИА) - Бљерим Османи е именуван за нов организациски директор на Клиничката болница во Тетово, откако министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши досегашниот организациски директор Арменд Фазљиу по случувањата со анестезиологот Ваљтон Дервиши вработен во оваа болница кој на социјалната мрежа Тикток објави видео во живо од тетовска Гинекологија.

Османи за неговото именување соопшти на својот Фејсбук профил, и порача дека со работа и посветеност ќе го даде најдоброто од себе.

-На оваа средба во братски дух од Арменд бев информиран за досегашниот тек на работата, функционирањето, обврските и проектите во иднина. Честитав поради покажаната подготвеност и дадениот придонес. Им благодарам на сите кои не поддржаа периодов - семејството, пријателите, колегите, сопартијците. Задачите што ги добиваме од нашиот лидер Али Ахмети се привилегија, но во исто време и одговорност и не обврзуваат да бидеме уште попосветени и достоинствено да ги реализираме!, напиша Османи.

Инаку, на предлог од Обвинителството од страна на судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово на 16 април годинава определена е мерка притвор  во траење од осум дена за 43-годишниот лекар - анестезиолог од тетовско Одри кој на социјалните мрежи во живо снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал. До определување на мерката доаѓа откако Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против обвинетиот за кривични дела „несовесно работење во службата“, како и „неовластено снимање“ според чл.152 ст.2 од Кривичниот законик.фф/са/

Фото: Официјалниот Фејсбук на Бљерим Османи

 

Остани поврзан