• сабота, 23 ноември 2024

Бујар Османи утре во официјална посета на Турција

Бујар Османи утре во официјална посета на Турција
Скопје, 6 јуни 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе отпатува во официјална посета на Турција каде што ќе оствари средба со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу и со претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп, соопшти МНР. - Во фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи и мултилатералната соработка во рамки на НАТО и ОБСЕ, регионалните предизвици, како и последици на руската инфазија на Украина, информираат од МНР. Во текот на неговата посета во Турција, Османи ќе сретне и со поранешниот турски министер за надворешни работи Хикмет Четин, кому ќе му додели признание по повод 30-годишнината на независноста на Северна Македонија. сх/сп/ Фото: Архива

Остани поврзан