• сабота, 16 ноември 2024

Бучковски: По заминувањето на Заев, групацијата на Црвенковски има амбиции да ја преземе СДСМ

Бучковски: По заминувањето на Заев, групацијата на Црвенковски има амбиции да ја преземе СДСМ
Скопје, 3 ноември 2021 (МИА) - Поранешниот премиер Владо Бучковски вечерва оцени дека по заминувањето на Зоран Заев, кој даде оставка на функциите премиер и лидер на СДСМ, неколку групации покажуваат амбиции да ја преземат партијата, а меѓу нив е и Бранко Црвенковски. - Има неколку групации кои беа незадоволни од начинот на кој СДСМ ја водеше политиката. Едната групација е на Бранко Црвенковски, кој не го криеше тоа. Беше многу симптоматично тоа што неговото обраќање во МАНУ беше на почетокот на кампањата. И јас се соочив со такво нешто во 2006 година. Суетата на Црвенковски… Не сите спонтано останаа дома, дел од членовите на СДСМ, на тој начин направија ваква разлика за ВМРО-ДПМНЕ. Максим Димитриевски исто така отворено се конфронтираше со партијата, рече Бучковски. Ако Заев опстои и на таа втора оставка, за која, како што вели Бучковски, имало иницијативи да не се повлече барем од чело на СДСМ, тогаш по констатирањето на неговата оставка, во рок од 15 дена Извршниот одбор на партијата ќе ги распише изборите, каде очигледно ќе има повеќе кандидати. нд/бак/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан