• сабота, 28 декември 2024

Бурата Ета усмрти околу 100 луѓе во Централна Америка

Бурата Ета усмрти околу 100 луѓе во Централна Америка
Гватемала Сити, 7 ноември 2020 (МИА) - Околу сто луѓе загинаа откако бурата Ета ја погоди Централна Америка. Голем број од жртвите биле затрупани во своите домови поради лизгање на земјиштето. Ета е една од најголемите бури што ја погодиле Централна Америка во изминатите неколку години, а американскиот Национален центар за урагани предупреди дека во регионот ќе продолжат „катастрофалните поплави“. Бурата оштети патишта и мостови, а во тек се спасувачки операции ширум Хондурас и Гватемала, во кои се вклучени и националните армии. Ета на 3 ноември ја погоди Никарагва како ураган од четврти степен, со ветер со брзина од 241 километри на час, а потоа изгуби на интензитет. ми/

Остани поврзан