• среда, 25 декември 2024

Бунтовниците во источниот дел на ДР Конго убија 42 луѓе

Бунтовниците во источниот дел на ДР Конго убија 42 луѓе

Киншаса, 15 април 2023 (МИА) – Бунтовниците во источниот дел на Демократска Република Конго во синоќешниот напад во три града во областа Џугуа убија најмалку 42 луѓе.

Армијата на ДР Конго соопшти дека трага по напаѓачите, кои се припадници на групата Кооперација за развој на Конго (Cooperative for the Development of Congo), составена од земјоделци од племето Ленду, кои подолг период се во судир со сточарите од племето Хема. Во судирите помеѓу двете племиња од 1999 до 2007 година загинаа околу 50.000 луѓе

Обединети нации во декември минатата година дека бунтовничката група ЦОДЕЦО ги проширува областите под нејзина контрола, напаѓајќи цивили и припадници на армијата на ДР Конго.

Во источниот дел на ДР Конго дејствуваат повеќе од 120 вооружени групи, кои се борат за земјиште и контрола над рудниците, а некои се обидуваат да ги заштитат своите заедници. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан