• вторник, 24 декември 2024

Бундестагот одобри 7,6 милијарди евра за Украина

Бундестагот одобри 7,6 милијарди евра за Украина

Берлин, 2 февруари 2024 (МИА) – Парламентот на Германија го одобри буџетот за 2024 година, во чии рамки ќе бидат доделени 7,6 милијарди евра за воена помош за Украина, соопшти денеска Бундестагот.

„За“ предлог-буџетот гласаа 388 пратеници, а „против“ се изјасниле 279.

Вкупниот буџет за годинава е 476,8 милијарди евра, а новите позајмици во моментов изнесуваат 39 милијарди евра. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан