• четврток, 26 декември 2024

Бундестагот го одби предлогот сите граѓани да бидат потенцијални донори

Бундестагот го одби предлогот сите граѓани да бидат потенцијални донори
Берлин, 16 јануари 2020 (МИА) - Германските парламентарци денеска го одбија предлог законот со кој се предвидува мнозинството граѓани да бидат потенцијални донори на органи, освен ако се против тоа, и наместо тоа изгласаа помалку радикален план за борба против недостигот на органи за пресадување. Германските лекари во моментов можат да трансплантираат органи само од лица кои официјално дале согласност за тоа преку донорска картичка или тестамент. Според новиот систем, предложен од министерот за здравство Јенс Шпан, луѓето автоматски би се сметале за донори, освен ако не се запишат во регистар дека се против на тоа. Според тој предлог, и роднините можат да информираат дека покојникот не сакал да донира органи. Шпан посочи дека 22 од 28 држави во Европската унија имаат слични системи, каде „донирањето органи не е исклучок, туку правило“. Одделни пратенички групи оценија дека предлогот иницира правни и етички прашања во врска со правото на луѓето сами да ја одредат својата судбина и предложија луѓето за своите намери да се изјаснуваат при подигнување лична карта, која во Германија е задолжителна и се обновува на 10 години. Тие групи тврдат дека сакаат со закон да биде овозможено донирањето органи да остане свесна и доброволна одлука, која не може да биде наметната од државата. парламентот допрва треба да се изјасни за тој прелдог. ссм/  

Остани поврзан