• четврток, 26 декември 2024

Букеле: Мнозинството светски лидери превентивно пијат хлорокин

Букеле: Мнозинството светски лидери превентивно пијат хлорокин
Ел Салвадор, 27 мај 2020 (МИА) - Претседателот на Салвадор, Најиб Букеле денеска изјави дека „мнозинството светски лидери“ користат хлорокин, лек чие дејство во лекувањето на новиот коронавирус не е докажано. - Го користам како превентива. Претседателот Трамп го користи за превенција, како и поголемиот број светски лидери, наведе Букеле. Претходно американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека превентивно пие хлорокин за време на епидемијата со Ковид-19, додека во неделата истакна дека повеќе не го користи лекот. Хидроксихлорокинот првенствено се користи за лекување на маларијата. Светската здравствена организација неодамна соопшти дека поради безбедносни причини го стопира испитувањето на тој медикамент за лекување на Ковид-19. ки/ми/

Остани поврзан