• понеделник, 18 ноември 2024

Буданов: Украина ќе ги зголеми нападите во Русија, за да се види реалноста на војната

Буданов: Украина ќе ги зголеми нападите во Русија, за да се види реалноста на војната

Киев, 1 февруари 2024 (МИА) - Шефот на Украинската Воена разузнавачка служба (ГУР) Кирило Буданов денеска се закани дека Украина ќе ги засили нападите врз инфраструктурата на руска територија, додавајќи дека е „корисно за Русите конечно да ја видат реалноста на војната" .

-Бројот на напади врз руската инфраструктура веројатно ќе се зголеми. Мислам дека овој план може да ги опфати сите главни критични и воени инфраструктури на Русија, рече Буданов на каналот Телеграм.

Тој додаде дека „руското цивилно население конечно треба да ја види реалноста на војната“.

-Населението да види како се палат магацините за нафта, се уништуваат фабрики и погони... Сето ова е корисно, рече Буданов.

Во последните месеци, Киев ги засили нападите врз руските нафтени и гасни постројки, по нападите на Москва врз нејзината енергетска инфраструктура.

Украина ја презеде одговорноста за неколку напади со беспилотни летала врз објекти во  околината на Санкт Петербург. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан