• понеделник, 18 ноември 2024

Буданов: На истокот на Русија се обучуваат 11.000 севернокорејски војници, кои чекаат да тргнат на нас

Буданов: На истокот на Русија се обучуваат 11.000 севернокорејски војници, кои чекаат да тргнат на нас

Киев, 18 октомври 2024 (МИА) - Шефот на украинската Главна управа за разузнавање, Кирило Буданов, потврди дека околу 11.000 севернокорејски војници во моментов се на обука на истокот на Русија.

Според него, тие ќе бидат подготвени да учествуваат во воените дејствија против Украина од 1 ноември.

Шефот на ГУР напомена и дека овие војници треба да бидат подготвени за борба со употреба на руска опрема и муниција.

Првата единица од 2.600 војници ќе биде испратена во Курск.

Меѓутоа, како што објави Украинска правда, се уште нема информации за натамошните планови за движење на остатокот од севернокорејските војници.

-Во моментов немаме целосна слика, додаде Буданов.сд/

Остани поврзан