• петок, 20 декември 2024

Бугарското претседателство со ЦЕИ иницијатива го поддржува проширувањето на ЕУ

Бугарското претседателство со ЦЕИ иницијатива го поддржува проширувањето на ЕУ
Софија, 7 ноември 2022 (МИА) - Ја потврдуваме нашата поддршка во процесот на проширување на Европска Унија и разбирањето дека европската интеграција мора да остане во сржта на агендата на регионот. Треба да се напомене дека бугарското претседателство со Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) постојано продолжува со иницијативите во таа насока, изјави вршителот на должноста министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков. Тој по официјалната средба на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЦЕИ посочи дека приоритетите на бугарското претседателство се фокусирани на економското закрепнување, поврзаноста, иновациите, младите луѓе и промовирање, на пример, средствата за остварување на силната поврзаност меѓу локалните состаноци и регионалната соработка, јави БТА.
  • Убедени сме дека активностите преземени за време на бугарското претседателство придонесоа за подобрување на капацитетот на ЦЕИ за продолжување на поамбициозна агенда за регионот и обезбедија добра основа за работата на претстојното молдавско претседателство, наведе Милков.
Тема на денешниот состанок беше „Регионот ЦЕИ - обединет во поддршката за Украина и во нејзините напори да се справи со последиците од војната“. Молдавија од 1 јануари го презема претседавањето со ЦЕИ, а  државниот секретар на Молдавија Владимир Кук  посочи дека Кишињев ќе посвети посебно внимание на европската интеграција. Меѓу приоритетите на претседателството, Кук го наведе барањето за поголема хуманитарна помош за Украина, соработката со Светската здравствена организација за надминување на последиците од пандемијата со коронавирус, инвестициите во регионалната безбедност, поврзувањето, младите луѓе и климатските промени. Претседателот на ЦЕИ, Роберто Антонионе посочи дека иницијативата има силна посветеност да ја поддржи Украина. Според него, обединувањето на политичката визија е исклучително важно. Тој додаде дека од политички аспект, земјите-членки на ЦЕИ треба да ги поддржат сите членки кои не се членки на ЕУ во нивната европска интеграција. - Ќе направиме се што е можно за да создадеме услови и да ја постигнеме оваа цел, изјави Антонионе. ми/  

Остани поврзан