• четврток, 26 декември 2024

Бугарското Обвинителство поведе истрага против македонски државјанин за шверц на марихуана

Бугарското Обвинителство поведе истрага против македонски државјанин за шверц на марихуана

Софија, 10 јануари 2023 (МИА) - Окружното јавно обвинителство од бугарскиот град Ќустендил започна истрага против 72-годишниот македонски државјанин К.К., под сомнеж за шверц на дрога.

Истрагата е покрената откако во петокот на граничниот премин „Деве Баир/Ѓуешево“ припадници на Одделението за борба против трговија со дрога при бугарското Министерство за внатрешни работи при претрес на автобус на релација Скопје – Истанбул, во личниот багаж на К.К. пронашле 6,235 килограми марихуана поделена во шест пакувања, од кои дел биле скриени во божиќни подароци.

Како што објавија бугарските медиуми, по откривањето на марихуаната, К.К. е лишен од слобода и Обвинителството поденело барање до надлежниот Суд да му биде одредена мерка „притвор“. сп/бак/

Остани поврзан