• среда, 25 декември 2024

Бугарското Народно собрание по петти пат не успеа да избере свој претседател

Бугарското Народно собрание по петти пат не успеа да избере свој претседател

Софија, 22 ноември 2024 (МИА) - И петтиот обид за избор на претседател на 51. состав на бугарското Народно собрание пропадна.

Повторно најмногу гласови собра доајенот и претседавач со седницата Силви Кирилов од Има таков народ (ИТН). Тој доби 101 глас „за“, 99 пратеници беа „против“, а 37 воздржани. Него го поддржаа 17 пратеници од „Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија“, 35 од „Преродба“, 19 од „Сојуз за права и слободи“, ИТН - 18, МЕЧ - 12. Против Кирилов беа еден пратеник од ПП-ДБ, 30 од „ДПС-Нов почеток“ и 68 од ГЕРБ-СДС. „Воздржано“ гласаа 17 народни претставници од ПП-ДБ и 20 од „БСП-Обединета левица“.

Според процедуралните правила, за избран ќе се смета кандидатот кој добил повеќе од половина од гласовите на присутните во пленарната сала.

Службениот премиер Димитар Главчев го коментираше петтиот неуспешен обид за избор на претседател на Народното собрание, истакнувајќи дека службената влада е активна, за разлика од некои институции кои треба да работат во интерес на граѓаните.

Главчев изрази надеж дека наскоро ќе биде формирана редовна влада. - Не сме виновни што нема редовна влада, но прво треба да се избере претседател на Парламентот, додаде тој.

На денешната седница, освен Кирилов, се гласаше и за Раја Назарјан од ГЕРБ-СДС. Наредната седница е закажана за среда, 27 ноември, во 11:00 часот. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан