• недела, 24 ноември 2024

Бугарското МНР се огради од видеото на Џамбаски и го оцени како несоодветно

Бугарското МНР се огради од видеото на Џамбаски и го оцени како несоодветно

Софија, 30 март 2021 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Бугарија смета дека предизборното видео на европратеникот Ангел Џамбаски е несоодветно. Ова се нведува во соопштението по добиената белешка од Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија во врска со предизборното видео на Џамбаски.

-Пораките изразени на видеото не го изразуваат официјалниот став на бугарската Влада. Бугарија нема територијални претензии кон другите земји и тоа постојано се изјаснуваше, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Од бугарското МНР забележуваат дека видеото на Џамбаски доаѓа „по тридневно молчење од страна на Владата на Република Северна Македонија, која ја повикавме да се огради од клеветничките публикации на словенечката невладина организација Меѓународен институт за Блискоисточни и балкански студии“.

-Владата во Скопје не само што не ги осуди предметните публикации, туку го нарече институтот („Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии“) „реномиран“, кој лажно нападна две земји-членки на ЕУ: Бугарија и Германија. На Република Северна Македонија на бугарскиот демарш по повод словенечката невладина организација, што сведочи до кој степен властите во оваа земја-кандидатза Европската унија го толерираат плурализмот и правото на слободно изразување на мислење, се вели во соопштението. зш/ац/

Остани поврзан