• вторник, 12 ноември 2024

Бугарското МНР му врачи протестна нота на македонскиот в.д. амбасадор во Софија

Бугарското МНР му врачи протестна нота на македонскиот в.д. амбасадор во Софија
Софија, 4 јуни 2022 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Република Бугарија му врачи протестна нота на македонскиот в.д. амбасадор во Софија Владимир Крстевски по повод палењето на влезот на Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на вонреден состанок, заменик-министерот за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова изрази загриженост до в.д. амбасадорот на Северна Македонија Крстевски и најостро го осуди чинот извршен од непознати лица, поради што е нанесена материјална штета на објектот. Беше истакнато дека ваквите вандалски акти не само што се израз на национална омраза и нетолеранција кон активностите на невладините организации како важен дел од граѓанското општество, туку се и во сериозен судир со демократските вредности и принципи на современиот цивилизиран европско општество.систем. -Знак за демонстративното и неиспровоцирано криминално дело на сторителите на подметнувањето пожар е и тоа што пред само неколку недели на отворањето на осквернавената зграда на Центарот за култура присуствуваа официјални лица од Бугарија, се наведува во протестната нота. Софија Булгар е убедена дека „срамниот настан во Битола не придонесува за развој на пријателството, добрососедството и соработката и е во спротивност со напорите на владите на двете земји да го најдат вистинскиот пат за европска интеграција на Република Северна Македонија. нк/мд/

Остани поврзан