• четврток, 26 декември 2024

Бугарски разбојници украле 152 сладоледи во грабеж во Варна

Бугарски разбојници украле 152 сладоледи во грабеж во Варна

Варна, 17 јуни 2022 (МИА) - Двајца мажи на возраст од 23 и 34 години се приведени во градот Варна во североисточна Бугарија, откако украле сладолед од една помала продавница.

Утврдено е дека разбојниците провалиле во минимаркетот и украле 148 корнети сладолед и четири кутии сладолед од по еден килограм. Пријавата за кражбата ја поднел сопственикот на продавницата.

На крадците на сладолед им е одреден притвор од 72 часа.  си/

Остани поврзан