Бугарските специјални служби приведоа руски шпиони
- Руски шпиони биле приведени во Софија за време на операција на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) и Министерството за внатрешни работи (МВР), објави Бугарската национална теле
Софија, 18 март 2021 (МИА) - Руски шпиони биле приведени во Софија за време на операција на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) и Министерството за внатрешни работи (МВР), објави Бугарската национална телевизија.
Дописникот на МИА од Софија јави дека бугарските безбедносни служби ја потврдиле информацијата. Тие појасниле дека уапсените не биле Руси.
- Уапсените не се руски граѓани, тврди извор од ДАНС. Акцијата на ДАНС продолжи во текот на целиот ден на територијата на Софија. Сè уште не е јасно колку точно се уапсени. Според непотврдени информации на Бугарското национално радио, станува збор за изнесување важни податоци во друга земја. Во текот на целиот ден, екипи од ДАНС и Министерството за внатрешни работи пребарувале разни адреси во Софија. Приведени се неколку лица осомничени за шпионажа. нк/