• вторник, 24 декември 2024

Бугарските електронски медиуми цел на хакерски напад

Бугарските електронски медиуми цел на хакерски напад
Софија, 6 март 2022 година Софија (МИА) -  Вечерва беа хакирани голем број бугарски електронски медиуми. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на местото на нивната содржина, се појави мим со рускиот претседател Владимир Путин. Станува збор за илустрација во која Путин е облечен како Мерлин Монро во стилот на Енди Ворхол, на позадината на знамето на гордоста. Визијата е добро познат мим, кој може да се најде под името „Gay Clown Putin“. Нова ТВ, БНТ, Спортал.ТВ, ТВ Бугарија Он Ер и другите бугарски електронски медиуми беа нападнати. Само bTV не беше погодена од нападот. нк/ссм/

Остани поврзан