Бугарскиот Црвен крст од денеска организира крводарителска акција за жртвите од несреќата во Кочани
- Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Софија, 17 март 2025 (МИА/БТА) – Бугарскиот Црвен крст (БЧК), заедно со Универзитетската болница за активно лекување и итна медицина УМБАЛСП „Н.И. Пирогов“ и Националниот центар за трансфузиона хематологија, организираат крводарителска акција за потребите на младите повредени во инцидентот во Кочани, Република Северна Македонија, соопшти прес-службата на бугарскиот Црвен крст.
Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
Оние кои сакаат да даруваат крв можат да го сторат од 11:30 часот денеска до крајот на оваа недела. На паркингот на болницата Пирогов ќе има шатор на БЧК, каде медицинските лица од болницата и волонтерите на БЧК ќе ги пречекаат оние кои сакаат да даруваат крв. Психосоцијална поддршка, како и друга помош, ќе им биде обезбедена на роднините на настраданите, како и друга помош според потребите.
Бугарскиот Црвен крст е во постојан контакт со Црвениот крст на Република Северна Македонија за да ја следи состојбата и да обезбеди итна помош. Помош за граѓаните на Република Северна Македонија може да се добие со јавување во Бугарскиот Црвен крст на (+359) 02 492 30 40, додаваат од организацијата. За поддршка на семејствата на загинатите и повредените во инцидентот, се собираат средства и на жиро-сметката на Црвениот крст на Република Северна Македонија.
Состојбата на 14-те повредени примени на лекување во Бугарија и понатаму е сериозна, соопшти претходно денеска прес-службата на Министерството за здравство. Младите вчера со воениот авион „Спартан“ како и пет возила на брза помош беа пренесени во Бугарија.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.
Фото: БТА