• вторник, 24 декември 2024

Бугарскиот претседател Румен Радев во самоизолација по контакт со заразен од Ковид-19

Бугарскиот претседател Румен Радев во самоизолација по контакт со заразен од Ковид-19
Софија, 20 октомври 2020 (МИА) - Претседателот на Бугарија Румен Радев оди во самоизолација поради контакт со заразен со Ковид-19, јавија бугарските медиуми. Делегацијата што ја предводеше тој се врати предвреме од посетата на Естонија. Заразениот со кого бил во контакт бугарскиот претседател е новиот началник на ВВС на Бугарија, генерал Димитар Петров. Последниот јавен настан каде беа присутни Радев и генерал Петров беше во петокот на празникот на ВВС на таа држава. На него беше присутен и министерот за одбрана на Бугарија, Красимр Каракачанов. зш/

Остани поврзан