• четврток, 26 декември 2024

Бугарскиот претседател во посета на Атина

Бугарскиот претседател во посета на Атина

Атина, 2 јули 2024 (МИА) – Бугарскиот претседател Румен Радев денеска е во посета на Атина за да учествува на конференција на Економист, а планирана е и средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Радев утрово учествуваше на отворањето на „28-та годишна тркалезна маса со грчката Влада“, а во неговиот говор се осврна на војната во Украина, истакнувајќи ја важноста на поддршката за Киев и потребата да се активира дипломатијата и дијалогот.

Бугарскиот претседател нагласи дека треба да биде јасно дека „НАТО не би требало да се вклучи во оваа војна, особено со трупи на терен“, бидејќи како што посочи „директен судир меѓу НАТО и Русија би можело да доведе до глобален судир со нуклеарно оружје“, нешто што според него е „сценарио што не е во корист на Европа и на Украина“.

Истакна дека потребно е што е „можно побргу да се вратиме на дипломатијата и да го подготвиме теренот за преговори“.

За време на посетата на Атина, Радев, попладнево ќе се сретне со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. ср/сд/

Остани поврзан