• недела, 24 ноември 2024

Бугарскиот писател Николај Бојков на книжевна резиденција во Скопје

Бугарскиот писател Николај Бојков на книжевна резиденција во Скопје
Скопје, 30 ноември 2020 (МИА) - Писателот од Бугарија Николај Бојков во ноември престојуваше на книжевна резиденција во Скопје, која се реализира во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“ поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“. Како што соопшти издавачката куќа „Готен“, за време на престојот Бојков се запозна со книжевната сцена во земјава, оствари средби со неколку уредници од издавачки куќи и  направи превод од македонски на бугарски јазик на прозни текстови на неколку македонски автори, меѓу кои од Оливера Ќорвезироска, Елизабета Баковска, Ѓорѓи Крстевски, Иван Шопов. Николај Бојков (1968, Видин) е поет, прозаист, преведувач, публицист и литературен критичар. Завршил унгарска филологија и од 1998 до 2005 година работел како професор по унгарски јазик и литература на Универзитетот во Софија. Во 2000 година ја објавил  првата поетска збирка „Метафизика“, по која следуваат стихозбирките „Песни со биографија“ и „Изјаснет во љубовта“. Автор е на  епистоларниот роман „Писма до Петер“,  „Книга на животот“, а минатата година ја објави книгата „101 посвета“. хс/са/  

Остани поврзан