• четврток, 26 декември 2024

Бугарскиот министер за здравство издаде две наредби за продолжување на анти-епидемиските мерки

Бугарскиот министер за здравство издаде две наредби за продолжување на анти-епидемиските мерки
Софија, 31 август 2021 (МИА/БТА) - Бугарскиот министер за здравство Стојко Кацаров издаде две наредби за продолжување на важноста на анти-епидемиските мерки, соопшти прес-центарот на Министерството за здравство. Наредбите се во врска со одлуката на Советот на министри за продолжување на вонредната состојба поради епидемијата до 30 ноември. По наредба на министерот за здравство, анти-епидемиските мерки се продолжуваат до 10 септември, објектите продолжуваат да работат со 50 проценти од нивниот капацитет, а таму каде што има вакцинирани, прележани или со прикажани негативни ПЦР тестови, тие можат да работат 100 проценти. Според друга наредба на министерот, до 30 ноември продолжуваат мерките поврзани со работа од дома или работа во смени, почитување на растојание од најмалку 1,5 метри и носење маска. Двете наредби влегуваат во сила од 1 септември. паг/  

Остани поврзан