• петок, 27 декември 2024

Бугарскиот министер за економија и индустрија Никола Стојанов го отвори 76-тото издание на Меѓународниот технички саем во Пловдив

Бугарскиот министер за економија и индустрија Никола Стојанов го отвори 76-тото издание на Меѓународниот технички саем во Пловдив
Пловдив, 19 септември 2022 Министерот за економија и индустрија Никола Стојанов го отвори 76-тото издание на Меѓународниот технички саем во Пловдив. Во своето обраќање, тој кажа дека за време на изложбата се закажани повеќе од 15 премиери на иновативни производи, меѓу кои и бугарски дронови развиени од БАН. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информациии професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.    Повторно сме во криза и по пандемијата на Ковид сеха имаме бизнис криза, нарушени синџири на снабдување, раст на цените на енергенсите - тешки времиња за сите компании, нагласи Стојанов. Според него, овие времиња даваат најголеми можности за раст на компаниите и воведување нови технологии и иновации. Стојанов им честиташе на организаторите за тоа што на саемот дале фокус на Индустријата 4.0 и иновациите. Министерот коментира дека секторот за истражување и развој постојано расте како дел од бруто домашниот производ на Бугарија. Оваа година очекуваме бруто додадената вредност што ја произведува овој сектор да се приближи до 10 милијарди лева, додаде Стојанов. Посочи дека бројките за извозот за 2021 година покажуваат пораст од над 24 отсто во однос на претходната година. Водечки пазари се Германија, Италија, Австрија и други високоразвиени земји од ЕУ, што покажува дека се натпреваруваме со најдобрите, додаде министерот. Околу 200 фирми и компании од 12 земји ќе ги претстават своите конкурентски предности и иновации за време на 76-тото издание на Меѓународниот технички саем во Пловдив. Ова на прес-конференција го соопшти Иван Соколов, главен директор на Меѓународниот саем - Пловдив. Учесниците се од Бугарија, Романија, Полска, Турција, Република Северна Македонија, Индија, Обединетите Арапски Емирати - Дубаи, Русија, Словачка, Чешка, Тајван и Азербејџан. Нешто повеќе од 60 проценти се странски компании - директни производители, трговци и претставници. Седумдесет и шестото издание на Меѓународниот технички саем ќе се одржува до 24 септември. БТА ____________________________________________________________________________ Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан