Бугарскиот кревач на тегови Насар постави светски рекорд на Олимпијадата
- Бугаринот Карлос Насар го освои златото во кревање тегови во категоријата до 89 килограми на Игрите во Париз.
Париз, 9 август 2024 (МИА) - Бугаринот Карлос Насар го освои златото во кревање тегови во категоријата до 89 килограми на Игрите во Париз.
Неговиот вкупен резултат по беше 404 килограми. 20-годишниот спортист постави нов светски рекорд.
Сребрениот медал го освои Колумбиецот Јеисон Лопез со 390 килограми.
Бронза е за Антонино Пицолато од Италија со вкупно подигнати 384 кг. зс/
Фото: ЕПА