• среда, 25 декември 2024

Бугарскиот амбасадор Ангелов вели дека преговори не може да има за нешто што е договорено

Бугарскиот амбасадор Ангелов вели дека преговори не може да има за нешто што е договорено

Скопје, 26 август 2024 (МИА) - Бугарскиот амбасадор во земјавата Ангел Ангелов, чиј мандат завршува во петок, денеска изјави дека се надева оти Бугарија по изборите на 27 октомври ќе добие нова влада и дека потоа ќе може да се почне интензивен дијалог меѓу двете земји. Не преговори, вели тој, затоа што преговори не може да има за нешто што е договорено и мора да почне да се исполнува. 

– Мене во петок ми завршува мандатот.  Веќе бев кај министерот Муцунски за да си кажеме довидување.  Ние сега имаме избори. Изборите ќе бидат на 27 октомври и се надеваме дека ќе добиеме влада со која што ќе можеме да влеземе во интензивен дијалог. Се разбира не преговори, затоа што преговори не може да има за нешто кое што е договорено. Тоа што е договорено мора да почне и да се исполнува. Ние географијата нема да ја менуваме и ќе останеме соседи. Ние треба да имаме интензивна комуникацијата, вклучувајќи ја и историската мисија, изјави Ангелов. 

Амбасадорот на Бугарија денеска заедно со министерот за здравство Арбен Таравари и градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојковски извршија увид во градежните работи на првиот социјален клуб за адолесценти и возрасни со аутистичен спектар. 

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека наскоро ќе има промена кадровскиот состав на мешовитата македонско - бугаска комисија за историски прашања. Мицкоски смета дека актуелната комисија не беше заштитник на националните интереси на македонскиот народ. ев/са/

ФОТО: МИА 

Остани поврзан