• четврток, 26 декември 2024

Бугарска владина делегација во Брисел на разговори за прекин на испораката на гас од Русија

Бугарска владина делегација во Брисел на разговори за прекин на испораката на гас од Русија
Софија, 28 април 2022 (МИА) - Бугарскиот вицепремиер и министер за финансии Асен Василев и министерот за енергетика Александар Николов денеска се очекува да пристигнат во Брисел на средби во Европската комисија, јави дописникот на МИА од Софија. Според Бугарската национална телевизија, посетата на бугарските високи претставници на Брисел е поврзана со одлуката на руската гасна компанија „Газпром“ да го прекине снабдувањето со гас за Бугарија. Василев ќе разговара со потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс. Русија вчера ја прекина испораката на гас за Бугарија и Полска со образложение дека двете земји одбиле да плаќаат во рубљи. Европската комисија соопшти дека одлуката на Москва е уцена и провокација од страна на Кремљ, а плаќањето во рубљи е спротивно на европските санкции. нк/паг/  

Остани поврзан