• среда, 25 декември 2024

Бугарската Влада ќе ги награди златните олимпијци со по 125.000 евра

Бугарската Влада ќе ги награди златните олимпијци со по 125.000 евра


Софија, 14 август 2024 (МИА) – Владата во Софија на денешната седница донесе одлука парично да го награди бугарските олимпијците кои освоија медали на Игрите во Париз.
Освојувачите на златен медал ќе бидат наградени со по 125.000 евра, на сребрен медал со по 100.000 евра, додека паричната награда за освоениот бронзен медал изнесува 50.000 евра, објави бугарскиот премиер Димитар Главчев.
Игрите во Париз беа најуспешни во историјата на Бугарија со освоени три златни, еден сребрен и три бронзени медали.
Според бројот на освоени одличја, Олимпијадата во Париз беше најуспешна за бугарските спортисти по Атина 2004, кога натпреварувачите од Бугарија се закитија со два златни, еден сребрен и девет бронзени медали. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан