• среда, 18 декември 2024

Бугарската Влада се соочува со гласање за доверба следната недела

Бугарската Влада се соочува со гласање за доверба следната недела
Софија, 20 јануари 2020 (МИА) - Бугарската Влада се соочува со гласање за доверба следната недела, откако илјадници луѓе во изминатите два месеца останаа без вода, што предизвика протести во јавноста. Предлогот, кој денеска го поднесе главната опозициска партија на социјалистите, доаѓа десет дена откако обвинителството го обвини министерот за животна средина Нено Димов дека намерно лошо управувал со кризата поврзана со водата во западниот дел на Бугарија, која започна кон крајот на ноември и се очекува да биде решена. Тој во меѓувреме поднесе оставка. Ова е четврти обид на Социјалистичката партија (БСП) во последните 12 месеци да ја собори владејачката коелиција на премиерот Бојко Борисов, кој веројатно како и претходниот нема да успее, бидејќи Владата на десниот центар има мало мнозинство во Парламентот. - Апелирам на сите кои сакаат промени... да се обединиме бидејќи постојат теми поважни од нас, како што се чист воздух, чиста вода, чиста храна“. Социјалистите, кои имаат 79 места во 240-члениот Парламент, тврдат дека обезбедиле поддршка од малцинската етничка турска партија Движење за права и слободи, но тоа нема да биде доволно. Обвинителите наведуваат дека Димов се соочува со казна од осум години доколку биде осуден. гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан