• петок, 27 декември 2024

Бугарската влада одлучи да го продолжи физичкиот попис до 10 октомври

Бугарската влада одлучи да го продолжи физичкиот попис до 10 октомври

Софија, 30 септември 2021 (МИА) - Привремената бугарска влада одлучи да го продолжи рокот на попишувачите за една недела и тие ќе можат да ги посетуваат домаќинствата, зградите и домовите до 10 октомври.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, продолжувањето на периодот за попис на населението ќе им обезбеди неопходно време на попишувачите да ги завршат своите активности и да ги соберат сите потребни информации во согласност со европското и националното законодавство.

Националниот институт за статистика на Бугарија објави дека рокот за попис преку Интернет истекува до 30 септември на полноќ. Дотогаш граѓаните на Бугарија ќе можат да се попишат преку информативниот систем „Попис 2021“. Досега, 2.216.254 луѓе се пребројани преку Интернет, распоредени во 973.811 домаќинства. Преку физичките попишувачи заведени се 1.954.116 луѓе, а вкупниот број луѓе во Бугарија веќе е над четири милиони луѓе. нк/паг/

Остани поврзан