• среда, 25 декември 2024

Бугариќ и Марковски се пласираа во второто коло на ИТФ-турнирот во Скопје

Бугариќ и Марковски се пласираа во второто коло на ИТФ-турнирот во Скопје
Скопје, 16 јуни 2022 (МИА) – Македонските тенисери Берк Бугариќ и Обрад Марковски забележаа победи во првото коло на ИТФ-турнирот што се одржува во Скопје. Бугариќ во меч што траеше скоро два часа со 2:0 по сетови 6:4 и 6:3 го елиминираше Илја Снитари од Молдавија додека Марковски место во втората рунда обезбеди откако Брендон Вокин од Австралија го предаде мечот при резултат 6:0 и 2:0 во вториот сет. Другите македонски тенисери немаа многу успех. Калин Ивановски не успеа да ја мине првата пречка откако во дуелот против првиот носител Орландо Луз од Бразил, кој во моментов е 321 играч на светот загуби со 7:6 и 6:3. Турнирот го завршија и Стефан Мицов и Горазд Србљак кои забележаа порази во соочувањата со Словакот, Лукас Палович и Франко Ронкадели од Уругвај. Турнирот го продолжува и нашата Дејвис куп двојка кои во 1/4 финалето ќе играат против Брендон Вокин и Метју Ромиос од Австралија. зс/

Остани поврзан