• петок, 27 декември 2024

Бугарија ќе настапи на Детската Евровизија со песна на Васил Гарванлиев, Давор Јордановски и Весна Малинова

Бугарија ќе настапи на Детската Евровизија со песна на Васил Гарванлиев, Давор Јордановски и Весна Малинова
Софија, 9 ноември 2021 (МИА) - На Детската Евровизија, што на 19 декември ќе се одржи во Париз, Бугарија ќе ја претставуваат Денислава Димитрова и Мартин Стојанов со песната „The Voice of Love“, чии автори на музиката и текстот на англиски јазик се македонското трио Васил Гарванлиев, Давор Јордановски и Весна Малинова. Како што јави дописникот на МИА од Софија, официјалното претставување на песната „„The Voice of Love“ ќе се одржи в сабота во емисијата „Денот започнува со Георги Љубенов“ на БНТ 1. Денислава Димитрова и Мартин Стојанов потекнуваат од вокалното студио „Сарандев“ од Добрич. Тие имаат освоено бројни награди, а музиката е дел од нивниот живот уште од раното детство. Како дует настапуваат од 2017 година под раководство на вокалниот педагог Елена Карабелова. На 19-то издание на Детската Евровизија ќе настапат изведувачи од 19 земји. нк/сп/

Остани поврзан