• сабота, 23 ноември 2024

Бугарија нема да преговара со Газпром за обнова договор за испорака на гас

Бугарија нема да преговара со Газпром за обнова договор за испорака на гас
Софија, 19 март 2022 (МИА) - Во интервју за БНР, вицепремиерот и министер за финансии на Бугарија Асен Василев истакна дека во сегашната ситуација Софија нема да разговара со руската гасна компанија Газпром. Според него постои алтернатива за рускиот гас и на Бугарија и се потребни три милијарди кубни метри. -Испораки има од Катар и Алжир, но цената ќе биде малку повисока. Ова ќе биде паневропска стратегија, а не само бугарска. Во следните 1-2 недели ќе се разговара на европско ниво да се направи заеднички договор за гас за цела ЕУ и во него да нема конкуренција меѓу поединечните земји. Овој механизам се очекува да проработи во текот на летото, изјави бугарскиот министер за финансии и вицепремиер. Договорот за испорака на руски гас за Бугарија истекува на 31 декември годинава, јави дописникот на МИА. нк/

Остани поврзан