• петок, 27 декември 2024

Бугарија купува уште осум авиони Ф-16 и ќе ги модернизира С-300

Бугарија купува уште осум авиони Ф-16 и ќе ги модернизира С-300
Софија, 27 мај 2020 (МИА) - Во следните неколку години Бугарија ќе купи уште осум американски авиони ловци Ф-16, изјави командантот на бугарското Воено воздухопловство, Цанко Стојков. Тој додаде дека новите авиони треба да бидат испорачани пред да се повлечат од употреба авионите МиГ-29. - Осумте авиони би требало да ги заменат МиГ-29, што ќе бидат повлечени поради застареност. Со оглед на тоа што нивниот рок истекува во следните три години, во периодот од 2023 до 2025 година би требало да се потпише договор за испорака, наведе Стојков. Тој додаде дека во рамките на модернизација на Военото воздухопловство во периодот пд 2025 до 2030 година се очекува да се набават и противвоздушни ракетни комплекси со краток и среден дострел, додека за 2021 година планирана е модернизација на С-300. Исто така се планира и купување на 3Д радари. Претходно, Стејт департментот одобри да и се продадат на Бугарија осум авиони ловиц Ф-16 и дополнителна опрема на Бугарија во вредност од 1,67 милијарди долари. ми/

Остани поврзан