• недела, 24 ноември 2024

Бугарија/Избори: Трифонов смета дека изборниот ден бил добар за бугарската демократија

Бугарија/Избори: Трифонов смета дека изборниот ден бил добар за бугарската демократија
Софија, 11 јули 2021 (МИА) - Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ“, Слави Трифонов објави на својот Фејсбук-профил дека денешниот ден бил добар ден за бугарската демократија, бидејќи според него ова биле најфер избори досега. Таквиот негов став е поради новите изборни правила, јави дописникот на МИА од Софија. Според него, со правилата се ограничиле максимално купување гласови, корпоративниот глас и манипулациите со „мртвите души“. Поддршката добиена за „Има таков народ“ е неверојатна, додаде Трифонов. Тој додае дека утре  ќе објави за следните чекори на партијата. нк/

Остани поврзан