• четврток, 26 декември 2024

Бугарија/Избори: „Галуп“: „Има таков народ“ е победник на изборите во Бугарија

Бугарија/Избори: „Галуп“: „Има таков народ“ е победник на изборите во Бугарија

Софија, 11 јули 2021 (МИА) -  Партијата „Има таков народ“ на телевизискиот водител и шоумен Слави Трифонов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија , според податоците на агенцијата Галуп од паралелното пребројување на 90 проценти од гласовите.

Коалицијата ГЕРБ-СДС останува втора политичка сила.

Галуп наведува дека станува збор за резултати според нивна прогноза, а официјалните ќе бидат објавени од ЦИК.

„Има таков народ“ освоија 23,2 процента од гласовите, ГЕРБ-СДС - 23 отсто, БСП - 14,3 проценти, „Демократска Бугарија“ - 13,4 отсто, ДПС - 11,5 проценти, „Исправи се! Мафијата надвор!“ - 5,1 процент. Останатите пратии не го преминаа дозволениот праг за влез во Парламентот.

Според Галуп, излезноста на изборите била 38,1 процент. гт/

Остани поврзан