• петок, 27 декември 2024

Бугарите, Турците и Србите најнезадоволни од својот живот

Бугарите, Турците и Србите најнезадоволни од својот живот

Скопје, 17 мај 2023 (МИА) - Бугарите, Турците и Србите се најмалку, а Австријците, Швајцарците и Финците се назјадоволни од својот живот во целина, покажуваат податоците на Евростат, што преку мапа ги пренесува порталот „Ландгеист“.

На скалата од - до 10, повеќето земји од Европа имаат оценка 7 или повиска. Најнезадовлни од живеачката се граѓаните на Турција (5,6), на Бугарија (5,7) и на Србија (6,0). Под европскиот пресек се и Унагрците со оценка 6,5, Летонците со 6,7 и Хрватите, Грците и Французите со 6,8.

Од сите Европејци, Австријците се најзадоволни од својот живот. Тоа е единствената земја што има оценка 8,0, а веднаш зад неа се Финска и Швајцарија и двете со 7,9.

Северна Македонија не е опфатена со анализата на Евростат и „Ландгеист“.са/

 

 

Остани поврзан