• среда, 25 декември 2024

Бугарите трансформираат 12 симболични знаменитости во Берлин

Бугарите трансформираат 12 симболични знаменитости во Берлин
Софија, 4 септември 2021 (МИА) - Фасадите на 12. најзначајните знаменитости во Берлин ќе бидат трансформирани со спектакуларни проекции во 3Д, создадени од бугарското МР студио, јави БТА. Спектаклите се дел од 17. издание на најголемиот светски Фестивал на светлината, кој почна на 3 септември за да ја претвори германската престолнина во огромна галерија на отворено со повеќе од 70 светлосни проекции и уметнички инсталации. Петта година по ред Главното шоу во рамките на Фестивалот ќе го создаваат Бугарите петта година по ред. Традиционално, ќе му дадат нов изглед на симболот на Берлин - Бранденбуршката порта. Светлосното шоу е насловено „Креираме утре“, што е мотото на годинешното издание на Фестивалот. Спектаклот е посветено на поодржливата иднина на планетата и е поддршка на иницијативата за постигнување нулта емисии на јаглерод до 2040 година. Уште две светлечки проекции ќе ги комбинираат уметноста и високата технологија за да ги претстават еколошките предизвици за човештвото. На највисоката зграда во Германија, Телевизиската куа висока 368 метри, темата проекцијата  е улогата на технологијата во создавање на позелена иднина. Фасадата на иконскиот Хотел де Рим, што е лоциран на плоштадот Бебелплац ќе биде дом на шарени дождовни шуми и загрозени животински видови, што човештвото би можело да ги заштити преку своите идни дејствија. Уметност на светлината Преку уметност, Бугарите ќе ја раскажат приказната за музиката врз Концертната сала (Konzerthaus) во Берлин, изградена пред точно 200 години (1821 година). Зградата се смета за едно од главните дела на најважниот архитект на неокласицизмот во Европа, Карл Фридрих Шинкел. Една од најинтересните локации што може да се набљудува е Мостот Обербаум во источниот дел на Берлин, кој ги поврзува двата брега на реката Шпре. Таму ќе биде и најголемото шоу на 3Д мапирање, што ќе ја покрие целата површина на мостот, долга 150 метри. „Среќни сме што имаме можност да ја развиеме нашата креативност и да експериментираме и да создадеме технолошки иновации додека создаваме дела за некои од најубавите историски градби и знаменитости не само во Германија, туку и во светот. Оваа година имаме можност да го направиме тоа преку уметноста, да испратиме важни пораки за иднината на планетата, што го прави нашето учество на Фестивалот исклучително вредно за нас, изјави Марин Петков, основач на студиото и уметнички директор на Меѓународниот фестивал на светлината. Другите светлосни проекции создадени од Бугарите ќе ги трансформираат фасадите на  Берлинската катедрала (Berliner Dom), Министерството за транспорт, Амбасадата на Канада, Германското пензиско осигурување, Федералната прес-служба, театарот „Потсдамер“и трговскиот центар „Спандау Аркаден“. „Фестивалот на светлината“ продолжува во Берлин до 12 септември. ми/

Остани поврзан