• петок, 27 декември 2024

Бубевски: Во Истражниот центар при ОЈО Скопје минатата година имаше околу 150 предмети

Бубевски: Во Истражниот центар при ОЈО Скопје минатата година имаше околу 150 предмети

Скопје, 8 март 2023 (МИА) - Истражниот центар при Основното јавно обвинителство - Скопје е прилично екипиран и минатата година имавме околу 150 предмети кои што работат во него, изјави претседателот на Основното јавно обвинителство - Скопје, Гаврил Бубевски.

Во Истражниот центар сега работат пет истражители, и според Бубевски, во овој момент има потреба за уште тројца истражители кои треба да бидат регрутирани.

- Специфична е работата на истражители во Обвинителство, така што, треба да ги избереме кадрите кои што може да одговараат токму на таа работа. Ќе отвориме веројатно некаков оглас за тоа и ќе ги избереме, изјави Бубевски.  

Одговарајќи на новинарски прашања, по денешната посета на американската амбасадорка Анџела Агелер на Истражниот центар, каде Амбасадата на САД донираше компјутерска и техничка опрема, Бубевски рече дека нема да кажува специфики на конкретната донација, со оглед дека тоа се алатки што помагаат за истражување на кривични дела.

- Се работи повеќе за техничка опрема, делумно за форензика која ни помага да екстрахираме одредени податоци, изјави Бубевски. аа/

 Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан