• четврток, 26 декември 2024

Брчките на челото можеби се предзнак за проблеми со срцето

Брчките на челото можеби се предзнак за проблеми со срцето
Тулуз, 6 септември 2021 (МИА) - Истражување спроведено од научници од Универзитетскиот медицински центар во Тулуз, Франција, укажува дека видливите брчки на горните делови од лицето може да бидат предупредување за можни проблеми со срцето и крвните садови. - Не можете да ги видите или почувствувате факторите на опасност, како што се висок холестерол во крвта или високиот крвен притисок. Ги проучувавме брчките на челото, бидејќи се прилично едноставни и доста забележливи, вели авторката на трудот, Јоланда Ескирол. Докторката посочи дека збрчканото чело може да има врска со намалувањето на еластичноста на артериите поради наслагите во нив. Бидејќи крвните садови на челото се мали, тие се почувствителни на собирање, што значи дека тоа може да биде ран знак за предвремено стареење. Испитувањата траеле 20 години, и опфатиле 3.200 здрави возрасни лица од 32, 42, 52 и 62 години кога почнало следењето. Притоа, секој учесник е оценет во зависност од длабочината на брчките на челото. Оценките се движеле од нула до три поена. Оние кои добиле еден поен имале поголем ризик да починат од срцеви болести отколку оние кои добиле нула поени, а оние со два или три поени имале 10 пати поголема можност за таков несакан исход. Д-р Есквирол додава дека промената на животните навики е во исхраната, диетата и физичките активности. А, бидејќи ова е првпат болестите на срцето и крвните садови да се поврзат со брчките, потребни се дополнителни истражувања. си/гт/

Остани поврзан