• четврток, 26 декември 2024

Брус Вилис фотографиран насмеан

Брус Вилис фотографиран насмеан

Лос Анџелес, 29 октомври 2024 (МИА) - Брус Вилис е снимен на возење низ месноста Студио Сити во Лос Анџелес. Сликан е на совозачко седиште со насмевка на лицето, па се чини, доброто расположение од лицето на глумецот се пренесе и на неговите обожаватели ширум цел свет, пишуваат медиумите.

Американскиот 69-годишен пензиониран глумец се повлече од очите на јавноста откако му беше дијагностицирана афазија и фронтотемпорална деменција. Тој живее во Лос Анџелес, со сопругата Ема и ќерките Мејб (12) и Евелин (10). Се повлече од глумата во 2022 година.

Со неговата поранешна сопруга Деми Мур, ги има и ќерките Румер, Скаут и Талула - родени пред повеќе од 30 години.

Фронтотемпоралната деменција е ретка состојба што предизвикува проблеми со однесувањето и говорот. Понекогаш се нарекува и Пикова болест, а првите видливи симптоми се промени во личноста и односот. Овој вид деменција го погодува фронталниот и темпоралниот лобус на мозокот, каде што се јавуваат оштетувања поради болеста. Не е познато што ја предизвикува оваа состојба, но често има и генетска компонента.  си/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан