• среда, 25 декември 2024

Бруклин до крајот на сезоната без Симонс

Бруклин до крајот на сезоната без Симонс

 

Њујорк, 8 март 2024 (МИА) – НБА лигашот Бруклин објави дека нема да може да смета до крајот на сезоната на услугите на својот 27-годишен плејмејкер Бен Симонс, поради повреда на грбот.

Последните три сезони Симонс мина малку време на паркетот поради хронични болки во долниот дел на грбот, а оваа сезона одигра само 15 натпревари на кој имаше просек од 6.1 поени, 7.9 скокови и 5.7 асистенции.

Симонс, кој во 2016 година, беше прв избор на драфтот, до 2022 година настапуваше за Филаделфија од каде дојде во Бруклин.

Со Бруклин има договор до крајот на сезоната 2024/5, вреден 40.3 милиони долари. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан