• сабота, 23 ноември 2024

Бруклин го суспендираше Ирвинг поради антисемитска реклама

Бруклин го суспендираше Ирвинг поради антисемитска реклама

Њујорк, 4 ноември 2022 (МИА) – Ѕвездата на НБА лигашот Бруклин, Кајри Ирвинг, ќе мора да пропушти најмалку пет натпревари, откако клупското раководство го казни бидејќи кошаркарот промовираше на социјалните мрежи филм со антисемитска содржина, а за тоа јавно не се извини.

Во меѓувреме, Ирвинг и Бруклин донираа по 500.000 долари на здруженија кои работат на искоренување на расната омраза и нетрпеливост, но кошаркарот јасно не ја призна својата грешка во проценката на содржината која ја промовираше.

- Не сакав никого да повредам. Јас не сум тој, кој го сними документарецот, рече Ирвинг.

Со таквиот негов истап останаа разочарани во раководството на НБА лигата, а и клубот му изрече суспензија од најмалку пет натпревари.

- Во текот на изминатите неколку денови се обидовме во повеќе наврати да му помогнеме на Ирвинг да ја сфати штетата и опасноста од тоа што го изрече и презеде, што започна со промовирањето на филм кој содржи длабоко вознемирувачки антисемитски пораки на омраза, соопшти Бруклин. ег/паг/

Остани поврзан