• недела, 24 ноември 2024

Бројот на руски кибернапади во земјите-членки на НАТО во 2022 година зголемен за 300 проценти

Бројот на руски кибернапади во земјите-членки на НАТО во 2022 година зголемен за 300 проценти

Вашингтон, 16 февруари 2023 (МИА) - Бројот на руски кибернапади во земјите на НАТО се зголеми за 300 отсто во 2022 година во споредба со 2020 година, а во Украина за 250 проценти, се наведува во извештајот на „Гугл“ (Google).

Хакерските операции поддржани од руската Влада станаа помоќни во 2021 година, пред руската инвазија врз Украина на 24 февруари 2022 година, посочува консултантската компанија за кибер одбрана „Мендиент“ (Mendient), неодамна купена од американскиот технолошки гигант.

Пиратерија против локации, информациска војна, саботажа на критични инфраструктури, шпионажа … целиот кибер арсенал е користен од двата табора во војната во Украина, без сепак да биде многу видлив и, како што изгледа денес, одлучувачки за борбите.

Промосковските хакери „користеа злонамерни деструктивни програми за да го нарушат и ограничат воениот и владиниот капацитет на Украина“, наведува „Мендиент“, опишувајќи напади врз цивилната инфраструктура со цел да ја поткопа украинската доверба во националните инсталации.

- Во првите четири месеци од 2022 година, откривме повеќе деструктивни кибернапади во Украина отколку во претходните осум години, се истакнува во извештајот.

„Мендиент“, посочува дека акциите на хакерите мешаат кражба на податоци, деструктивни напади и поддршка за операции за влијание, особено во корист на руската паравоена група Вагнер.

Покрај тоа, војната во Украина „ги поттикна напаѓачите поддржани од кинеската Влада да го фокусираат својот интерес на украински, западни и европски цели за да добијат информации за конфликтот, пишуваат авторите на извештајот.

„Мендиент“, исто така, забележа промени во киберпросторот низ Источна Европа.

- Се замаглуваат линиите меѓу (хакерите) мотивирани од финансиска добивка и оние кои добиваат поддршка од владите (во регионот), се посочува во извештајот. ми/

Остани поврзан